Откако ќе ја прочитате оваа студија, веројатно ќе ја изгубите желбата да имате многу деца
Тоа е затоа што студијата на над 500 луѓе процени фотографии од жени во постменопауза и откри дека оние со помали семејства изгледаат попривлечно.
Жените беа поделени во три категории, во зависност од бројот на деца: Жени со 1-2 деца; жени со 4-5 деца; и жени со 7-9 деца.
Оние кои родиле 7-9 деца биле оценети како помалку привлечни, постари и помалку здрави, пренесува Телеграфи.
„По анализите и експериментите, видовме дека жените кои ја завршиле фазата на менопауза и имаат малку деца, изгледаат попривлечно, помладо и поздраво од жените кои имаат многу деца“, напишале авторите.
Оваа студија ја поддржува и студијата минатата година од Универзитетот Јеил, која сугерираше дека бременоста го забрзува стареењето.