Обработената храна можеби е вкусна, но има значителни негативни ефекти врз здравјето на кожата, особено кај жените над 40 години, велат експертите. Храната богата со додадени шеќери, нездрави масти и конзерванси промовира воспаление, го оштетува колагенот и ја намалува еластичноста на кожата, што може да го забрза појавувањето на брчки и стареењето на кожата. Лекарите посебно ги предупредија постарите жени за два вида храна што треба да ги избегнуваат.
1. Путер и маргарин
Според дерматологот др. Елејн Ф. Кунг, исхраната може значително да влијае на производството на маснотии во кожата.
„Млекото и млечните производи го зголемуваат ИГФ-1, што предизвикува помрсна кожа“, објаснува таа за SheFinds.
Иако витаминот Д и калциумот се неопходни за здравјето, дерматологот др. Адриен О’Конел предупредува дека прекумерното внесување на млечни производи може да доведе до масна кожа која не е хидрирана, туку само покриена со вишок маснотии, што ги затнува порите и предизвикува акни.
Експертот за нега на кожа Робин Њумарк истакнува дека маргаринот треба да се избегнува бидејќи содржи делумно хидрогенизирани масти, кои се меѓу најчестите транс масти.
„Транс масните киселини ја прават кожата почувствителна на УВ зрачење, кое ги оштетува еластинот и колагенот“, рече таа.
Покрај тоа, маргаринот може да предизвика хронично воспаление кое го забрзува создавањето на брчки.
2. Бел леб
Рафинираните јаглехидрати, како оние кои се наоѓаат во белиот леб, лесно се вари, но може да предизвикаат сериозно оштетување на кожата. Доктор и естетски хирург, др. Надир Кази, тврди дека потрошувачката на рафинирани јаглехидрати го стимулира производството на себум, природното масло на кожата.
„Вишокот на себум може да ја направи кожата мрсна, да го зголеми изгледот на порите и да ги зароби мртвите клетки на кожата кои предизвикуваат акни и митесери“, вели тој.
Исто така, варењето на рафинирани јаглехидрати предизвикува скокови на инсулин.
„Овие скокови го стимулираат лачењето на андрогени и создавање на повеќе маснотии на кожата, што може да доведе до појава на брчки“, додава др. Ќази. Избегнувањето на бел леб и слични производи е клучно за одржување на еластична и здрава кожа.
Повременото консумирање путер, маргарин или бел леб не е проблем, но нивното често консумирање може негативно да влијае на кожата. Со ограничување на овие намирници на еднаш неделно или помалку, можеме да го подобриме здравјето и изгледот на нашата кожа.