Жените нема да му „простат“ толку лесно: Бред Пит повторно провоцира

Холивудскиот заводник успеа по којзнае кој пат да го промени својот имиџ и да предизвика возбуда кај понежниот пол…

Бред Пит е ѕвездата на новата насловна страница на списанието „GQ“. Фотографиите за модниот едиторијал се направени во Нов Зеланд , а актерот успеа повторно да ја изненади јавноста 
со промената на имиџот – особено дамите ширум светот.

Како што можете да видите, Пит позираше во црни модни парчиња – од глава до пети, а неговата седа брада привлече внимание.

Барем сега знаеме дека холивудскиот зашеметувач не е бесмртен …

Шегите на страна, актерот позираше за „GQ“ со своите колеги од филмот за Формула 1 , а разговараа и за сложените детали од филмот. 

Според Пит, тие работеле на филмот три години и снимале 18 месеци за време на штрајк на сценаристите и штрајк на актерите на три континенти и во средината на 14 вистински трки од Формула 1 во живо.

За овој филм беа потрошени повеќе од 200 милиони долари , а фотографиите погледнете ги подолу: