ЖИВОТНА ДРАМА НА ЛЕБРОН ЏЕЈМС – Синот на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња доживеал срцев удар и завршил на интензивна нега: “Ве молиме за приватност!“
Синот на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс, Брони, доживеал срцев удар, пренесува магазинот TMZ.
Синот на една од најголемите суперѕвезди на НБА лигата и кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, доживеал срцев удар на тренинг, кога колабирал и паднал на подот.
„За време на тренингот, Брони Џејмс доживеа срцев удар. Медицинскиот персонал успеа да го стабилизира Брони Џејмс и да го пренесе во болница. Тој сега е во стабилна состојба и повеќе не е на интензивна нега. Бараме почит и приватност за семејството Џејмс и ќе ги известиме медиумите кога ќе бидат достапни повеќе информации“, соопштил портпаролот на семејството Џејмс.
Инаку, Брони Џејмс е талентиран кошаркар на кој му се предвидува светла иднина иста како онаа на татко му.