Првиот човек на европската дипломатија Жозеп Борел, во интервју за европскиот портал Euroactiv денеска изјави дека ЕУ практично ги исцрпила сите можности за санкции против Русија.
„Нема што повеќе да се направи од гледна точка на санкциите, но можеме да продолжиме да ја зголемуваме финансиската и воената поддршка за Украина“, кажа Борел по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ и Стокхолм.
На прашањата на новинарите на прес-конференцијата во Европската комисија, дали ЕУ подготвува нов пакет санкции, портпаролите не можеа да дадат прецизен одговор и се ограничија на изјавата дека земјите членки разговараат за тоа и дека расправата не може да биде јавна.
„Навистина, една година по инвазијата, доаѓаме до крајот на нашите опции“, призна Борел, на прашањето за следните потенцијални чекори што ЕУ би можела да ги преземе како одговор на руската инвазија на Украина.
Тој верува дека одговорот е да се продолжи со поддршката на Украина, да се спречи избегнувањето санкции и да се користат замрзнатите руски средства за обнова на Украина.
„На Украина и требаат многу пари само за да продолжи да работи машинеријата, земјата во војна има големи финансиски потреби. Тоа ќе бара многу напор од наша страна, така што санкциите и воената поддршка не се сè“, вели тој.