Собранието доцна синоќа ја заврши расправата за предлогот за разрешување на министерот за здравство Беким Сали, во рамки на првата точка од 104. седница за Предлогот за реконструкција на Владата, но, како што предупреди потпретседателот на Собранието, Горан Мисевски, дополнително ќе се гласа.
Откако констатира дека е исцрпена листата на говорници за разрешување на Сали и најави дополнително гласање, Мисевски ја отвори расправата за предлогот за разрешување на Адмирим Алити од функцијата министер за информатичко општество и администрација. Алити не ја искористи приликата да зборува за предлогот за негово разрешување.
Покрај Сали и Алити, од ресорот дијаспора треба да биде разрешен и Џемаил Чупи, трите кадри на Алтернатива кои произлегоа од владината коалиција.