Заев до Ципрас: Со Преспанскиот договор поставивме позитивен пример на Балканот, Европа и светот

Поранешниот премиер Зоран Заев му честиташе на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас за седмата годишнина од потпишувањето на Преспанскиот договор, со кој се реши деценискиот спор за името меѓу Македонија и Грција.

„Драг Алексис, во време на војни и хаотичен свет, се повеќе сум среќен што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор, да изградиме трајно пријателство меѓу нашите соседни земји, Северна Македонија и Грција, но и да оставиме исклучително позитивен белег на Балканот, во Европа и во светот, дека дури и најтешките прашања меѓу земјите можат да се решат преку дипломатија“, напиша Заев во пораката.

Тој му честиташе на Ципрас за седмата годишнина од историскиот договор, потпишан на 17 јуни 2018 година во Преспа, кој овозможи членство на Северна Македонија во НАТО и отвори нови перспективи за добрососедски односи и европска интеграција.