Закани за поставени бомби во училиштата, наставата не е прекината

Мејл со закани за поставена бомба изутрината ги дочекале раководствата на училиштата во Штип. Засега од Општината Штип ни потврдија дека вакви мејлови се стигнати во гимназијата „Славчо Стојменски“ и ООУ „Тошо Арсов“, а како што дознавме ист ваков мејл има и до ООУ „Димитар Влахов“.

Мејлот е напишан со лош превод на макеонски јазик, како да е користен автоматски преведувач. Полицијата е на терен во училиштата во проверка, наставата редовно се изведува, изјави Снежана Санева од Општина Штип.

Закани за бомби има во неколку други градови, а пред два дена хрватските медиуми исто така информираа за поставени бомби. Сите беа лажни.