Вооружен напаѓач кој припаѓа на организацијата Хамас држи во заложништво неколку работници на американската компанија за производи за широка потрошувачка Procter & Gamble во Турција, според новинската агенција Demiroren, „очигледно“ во знак на протест против нападите на Израел врз Газа.
Маж упаднал во фабрика во индустриска зона во провинцијата Коџаели околу 15 часот по локално време, додаде Демирорен.
Агенцијата наведува дека полицијата дошла на местото на инцидентот и се обидува да го убеди мажот да се повлече.
На местото на инцидентот отишол и гувернерот на Коџаели, јавува Ројтерс.
Турските власти сè уште не коментираат.