Заложничка криза во Франција: Заробени заложници во куќа во близина на Лил, полициски преговори со киднаперите
Француската полиција започна операција во која учествуваа специјални тимови кога попладнево непознати лица зедоа заложници во куќа во Лус, предградие на Лил.
Полициските преговори со киднаперите се во тек, објави каналот Франс 3.
Поради тоа, француската полиција денеска го евакуирала ресторанот „Квик“, кој се наоѓа спроти зградата во која се држат заложниците, пренесоа француските медиуми.
Според каналот Франс 3, кој се повикува на изјавата на претседателката на локалната власт на Лус, Ан Вотурие, станува збор за ситуација со заложници.
Воатурие рече дека засега не се знае колку заложници има во куќата спроти ресторанот „Квик“.
Како што соопшти Дирекцијата на француската полиција (ДИПН), акцијата се уште е во тек, пренесува ТВ каналот Bfmtv.
На лице место се распоредени припадници на единицата за контрола на нереди, како и тим од специјални сили и снајперисти.
Според локалните медиуми, полицијата опколила куќа на улицата Џорџ Потие во Лил.
Во тој дел на Лил сообраќајот е во прекин.