Започна општа хајка против српскиот претседател! „Данас“ нацрта ,,мета” на челото на целото семејство Вучиќ!
Српскипт весник „Данас“ во сопственост на Драган Шолак на својата страница објави одвратен наслов – „Кој е Мусли, за кого Вучиќ тврди дека не му е татко“.
Со ваква двосмислена и приземна титула, и во време на силен емотивен набој што граѓаните на Србија го чувствуваат поради настаните на Косово, сериозно е доведена во прашање безбедноста на претседателот на Србија и на сите членови на неговото семејство.
Ваквиот прогон мора да престане и Србија мора јасно да каже „не“ на ваквата валкана кампања.