Конгресменот од Њујорк и копретседател на српската пратеничка група во Конгресот, Клаудија Тени, поднесе предлог-закон со кој се суспендира сета помош за Приштина додека таа не ги исполни своите обврски.
Во 2013 година Европската унија помогна да се посредува во Бриселскиот договор меѓу Србија и Косово со цел да се намалат тензиите меѓу двете земји. Косово не исполни многу од своите клучни обврски според договорот, како што е формирањето на Заедница на општини со мнозинско српско население и обединети полициски сили. Покрај тоа, Косово негираше еднакви права на косовските Срби. Со неисполнувањето на овој договор, Косово ги прекршува меѓународните норми и создава тензија и нестабилност на Балканот – наведува Тени во соопштението.
Според неа, со усвојувањето на овој закон би се ускратила каква било натамошна американска помош за властите во Приштина, „додека не се применат одредени услови наведени во Бриселскиот договор од 2013 година“.
– Сведоци сме на угнетување и дискриминација на косовските Срби поради неспроведување на клучните одредби од Бриселскиот договор од 2013 година. Императив е САД да заземат став во корист на демократијата, мирот и стабилноста во регионот. Поддршката на Бриселскиот договор испраќа јасна порака дека нашата помош треба да биде усогласена со принципите на договорот. Јасно сме против дејствија кои ги поткопуваат правата и благосостојбата на косовските Срби. Овој закон ја одразува нашата посветеност за поттикнување мир и повикување на одговорност премиерот Аљбин Курти и владата на Косово – рече Тена.