ЗАСТРАШУВАЧКИ БРОЈКИ – Бројот на жртвите во Појасот Газа се зголеми на 3.785 луѓе, меѓу кои 1.524 деца

Бројот на жртвите во Појасот Газа откако Израел му објави војна на Хамас се искачи на 3.785, од кои 1.524 деца, 1.000 жени и 120 постари лица, соопшти денес Министерството за здравство на Палестина.

Ранети се 12.493 луѓе, меѓу кои речиси 4.000 деца и 3.300 жени.

Израел тврди дека стотици луѓе биле убиени во ракетни експлозии кои не ја преминале границата, вклучително и онаа што предизвика смртоносна експлозија на паркинг на болница во Појасот Газа во вторникот вечерта, јавуваат израелските медиуми.

Исламскиот екстремистички Хамас, кој владее со Појасот Газа, тврди дека експлозијата во болницата била резултат на израелски воздушен напад.

Израел наведува и дека на територијата на Израел биле убиени 1.500 екстремисти.

Во Израел загинаа најмалку 1.400 луѓе, повеќето цивили, најмногу во напад на Хамас, кој на првиот ден од војната, на 7. октомври, ја проби граничната ограда и влезе во населените места.

Хамас потоа зароби и одведе во Појасот Газа околу 200 луѓе, вклучувајќи жени, деца и постари лица.