Застрашувачки сцени од Чешка: Погледнете како изгледа градот кој го поплави Морава откако пукна браната
Драмата во Чешка е се поголема бидејќи се очекува реките да продолжат да се излеваат во текот на ноќта!
Надојдените реки, да потсетиме, поплавија многу градови, додека околу 250.000 домаќинства низ државата моментално се без струја. Крнов во Шлезија во моментов е 80 отсто под вода. Заменик-градоначалникот Мирослав Бинар наведува дека локалната власт повеќе не е во состојба да ги координира спасувачките операции и дека граѓаните зависат од надворешна помош. Ханушовице на североистокот на земјата беше поплавен од реката Морава за само десет минути. На видеото се гледа како порој тече низ град кој е буквално отсечен од светот.
– Нивото на реката Морава порасна за околу еден метар – изјави градоначалникот на Ханушовице, Марек Костка.
Локалните власти забранија евакуација со оглед дека ситуацијата е опасна не само за жителите туку и за спасувачите.
– Луѓето треба да останат на повисоките катови и да чекаат дополнителни инструкции – додаде Костка.
Најголем дел од жителите се и се уште се во своите домови и чекаат спасувачи.
Екстремно брзиот пораст на нивото на водата, според локалните медиуми, е предизвикан од дефект на противпоплавната брана, која не можела да го издржи притисокот. Нивото на Морава за кратко време порасна за еден метар.
– Поплавен бран помина низ Ханушовице. Морава нагло се искачи за десет минути. Се случи најлошото сценарио и за жал пробиена е противпоплавната брана – напишаа од општината на социјалните мрежи.
Локалните жители наведуваат дека слични поплави не се регистрирани од 1997 година.
Владата во Прага сака да се состане во понеделник за да одлучи за итна финансиска помош за погодените.