– Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, објави дека именувал четворица нови воени команданти.
Според декретот што вчера го објави украинското Претседателство, Зеленски го именувал Александар Павлиук за нов командант на Копнените сили. Ова именување доаѓа откако таа функција ја напушти Александар Сирски, кој е назначен за врховен командант на украинските сили, заменувајќи го на таа функција Валериј Залужни.
Со декрет и Јуриј Содол, Ихол Скибиук и Ихор Плахут се именувани за нови команданти на Комбинираните сили, Десантските јуришни сили и Територијалната одбрана.
Зеленски ја истакна потребата од промена во раководството на државата, зголемувајќи ги шпекулациите за голема реорганизација на воената команда во време кога војната со Русија влегува во трета година.