Претседателот на Украина преку објава на Твитер сугерираше дека во центарот на разговорите во Берлин ќе бидат прашањата за одбраната.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Берлин.
Веќе во Берлин. Оружје . Моќен пакет . ПВО . Реконструкција . ЕУ . НАТО . Безбедност – напиша Зеленски синоќа на Твитер.
Тоа е прва посета на Зеленски на Германија од почетокот на руската војна со Украина во февруари 2022 година.
Украинската агенција Униан наведува дека сè уште не е позната програмата на посетата на Зеленски.
Германскиот телевизиски канал претходно објави дека Зеленски ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц и со претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, а потоа ќе отпатува во градот Ахен за да ја прими наградата Карло Велики.
Берлин во саботата рече дека останува многу посветен и сериозен во поддршката на Киев по рускиот напад, потврдувајќи дека Германија ќе испрати нов пакет воена помош од 2,7 милијарди евра за Украина.
– Сакаме брз крај на оваа страшна и незаконска војна. За жал, сè уште не се гледа крајот.
Затоа, Германија ќе пружи каква било помош што може, се додека може – изјави министерот за одбрана Борис Писториус.
Овој пакет помош е најголемиот што Германија го испрати од почетокот на рускиот напад врз Украина.