Зеленски повторува дека ќе поднесе оставка под овој услов: „Подготвен сум…“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да поднесе оставка доколку Украина за возврат стане членка на НАТО, изјава што ја даде откако сојузниците на американскиот претседател Доналд Трамп побараа негова оставка.

„Јас во замена за НАТО? Размената е можна. Реков дека сум подготвен да заминам, а за возврат стануваме членка на НАТО – ова го кажувам уште од почетокот на војната со Русија. Ако влеземе во НАТО, тоа значи дека ја исполнив мојата мисија“, рече Зеленски, според Скај њуз.

Тој предупреди дека нема да биде лесно да го заменат.

„Не е доволно само да се одржат изборите. Мора да ме спречите да учествувам, а тоа ќе биде малку потешко“, рече Зеленски.

Изјавата на Зеленски дојде откако неколку американски републиканци, вклучително и советникот за национална безбедност Мајк Волц, сенаторот Линдзи Греам и претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, рекоа дека Зеленски треба да ја напушти функцијата, по неговото однесување во Овалната соба во петокот за време на вербалниот судир со Трамп.

Тие вчера го повикаа Зеленски да ја смени стратегијата или да поднесе оставка.