Во Украина синоќа беше издадено предупредување за воздушен напад.
По серијата експлозии низ Украина, претседателот Володимир Зеленски синоќа потврди дека некои руски ракети навлегле во украинската воздушна одбрана.
– Имаше неколку погодоци – рече Зеленски во видео објавено на каналот Телеграм, но без други детали, пренесува ТАС С.
Низ Украина синоќа беше издадено предупредување за воздушен напад, а очевидци за ТАС С изјавија дека силна експлозија го потресе Киев .
Украинските медиуми објавија дека експлозиите одекнале во областите на Днепропетровск, Житомир, Кировоград, Лавов и Хмелницки .