Зеленски утре во посета на Турција

– Украинскиот претседател Владимир Зеленски утре ќе допатува во турскиот град Истанбул на покана на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Според информациите до кои дојде новинарот на АА, Зеленски утре ќе реализира работна посета на Турција.

Во рамки на посетата, Зеленски и Ердоган ќе остварат тет-а-тет и меѓуделегациска средба.

Се вели дека во рамки на состаноците ќе се разговара за последните случувања во врска со руско-украинската војна, Договорот за житниот коридор, чиј рок истекува на 17 јули, и за односите меѓу двете земји.