Светските научници и физичари разгледуваат различни сценарија за уништување на Земјата, вклучувајќи можни судири со астероиди, проширување на Сонцето, па дури и паѓање во црна дупка.
Новооткриените астероиди носат немир и страв секој ден, особено кога истражувањата сугерираат потенцијален судир меѓу астероидот и Земјата.
Сега светските научници разгледуваа различни сценарија за уништување на Земјата.
Иако научната фантастика ги популаризира овие идеи, реалноста може да биде многу пострашна отколку што мислиме.
Сонцето ќе ја уништи планетата
За околу 5-7 милијарди години, Сонцето ќе почне да го троши водородот од неговото јадро, што ќе предизвика негово проширување и трансформирање во црвен џин. Во овој период, Сонцето ќе се зголеми во големина, опасно блиску до Земјата.
Дури и да претпоставиме дека Земјата нема директно да биде уништена, Сонцето ќе ја загрее планетата до тој степен што сите океани ќе испарат и атмосферата ќе биде однесена од сончевите ветрови. Биолошкиот живот на планетата нема да преживее долго пред Сонцето да ја апсорбира планетата.
Земјата ќе се судри со астероид
Можно е Земјата да доживее судир со голем вселенски објект. Пред 65 милиони години, астероид предизвика изумирање на диносаурусите. Секој ден, астрономите следат околу 40.000 астероиди блиску до Земјата.
Иако многу од нив се релативно мали, постои можност некои да предизвикаат сериозни последици. Научниците веруваат дека ќе биде можно да се откријат големи астероиди и да се обезбеди доволно време за преземање мерки.
Планетата ќе падне во црната дупка
Едно од најлошите можни сценарија за Земјата е да се најде во гравитациското поле на црна дупка. Иако веројатноста за овој настан е минимална, црните дупки би можеле да станат закана доколку некоја планета се најде на патеката на таков објект.
Ако црната дупка се приближи доволно блиску, нејзината гравитација најпрво ќе ги уништи атмосферата и океаните, а потоа ќе ја раскине внатрешноста на планетата, исфрлајќи вжештени метали во вселената.
Илон Маск и спасувањето на човештвото
Илон Маск, основачот на компаниите SpaceX и Tesla, нагласува дека човештвото мора да стане вселенска цивилизација за да ја обезбеди својата иднина.
Тој верува дека природните катастрофи, како удар на комета или проширување на Сонцето, се неизбежни.
Маск повикува на побрз развој на вселенските технологии, бидејќи верува дека бирократијата во САД може да го забави големиот напредок во истражувањето на вселената, што би го ставило човештвото уште повеќе во ризик.