Земјотрес со интензитет од 6 степени по Рихтер ја погоди Канада

Земјотрес со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на канадската покраина Британска Колумбија, објави Американскиот Геолошки Институт (АГИ).

Епицентарот на земјотресот бил на 233 километри југозападно од градот Порт Мекнил, на длабочина од 8,2 километри, наведе АГИ.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета од земјотресот.