Зибери: Извршителите не ги почитуваат одредбите за застарување на долговите

Според него, ова е привремено решение, а владата мора да инвестира и да вложи во градење на нови затворски капацитети. Дополнително, потребно е и изрекување на алтернативни казнени мерки, рече Зибери во „Вести Плус“ на Канал 5 Телевизија.

Состојбата во затворите е катастрофална и иако амнестија не е решение, тоа барем во моментот ќе ја ублажи ситуацијата – вели народниот правобранител Насер Зибери.Измените на Кривичниот законик кои денеска стапија на сила, според Зибери не поминале на јавна дебата која вели дека е потребна.Канцеларијата на народниот правобранител се уште најголем број на претставки добива поради работата на извршителите. Според Зибери, не се почитуваат одредбите за застарување на долговите, а дел од извршителите се повикуваат на правилник од Министерството за правда, за кој вели дека не може да има поголемо значење од Законот.