Злобна болест уби најмногу луѓе во историјата, а сега се појави во Орегон! Ја пренела домашна мачка

Многумина мислат дека бубонската чума е минато. Сепак, оваа злобна болест, за која се верува дека убила најмногу луѓе во историјата, сè уште постои – до неколку илјади луѓе заболуваат од неа секоја година. Нов случај сега е регистриран во Орегон, САД, објави ScienceAlert.

Бубонската чума кај луѓето се појавува најчесто по каснување од болва која ја пренесува бактеријата Yersinia pestis. Човекот од Орегон, кој не е идентификуван, најверојатно ја добил болеста од неговата мачка, која најпрво развила симптоми, изјавија претставници на јавното здравство во округот Дешут.

Ова е прв случај на бубонска чума во Орегон во последните осум години. Се вели дека првичните симптоми се слични на грип, како што се замор, висока температура, треска и главоболка. Случаите на пурулентни чиреви се релативно ретки денес. Меѓутоа, во Орегон, болеста напредувала до таа фаза.

– Мачката беше многу болна, и’ пукаа чировите, што е показател за многу силна инфекција. Кај сопственикот на мачката болеста започнала со отечена лимфна жлезда, поради што ја нарекуваат бубонска чума, а кога се јавил на лекар болеста стигнала до крвотокот. Сепак, пациентот добро реагира на антибиотскиот третман – рече д-р Ричард Фосет, претставник на округот Дешут за NBC News.

Некои лекари, додаде тој, забележале и дека пациентот почнал да кашла во болница, што може да биде ран знак за пулмоналната форма на болеста.

Денес оваа болест, доколку се открие навреме, релативно лесно се лекува со антибиотици. Во САД обично има околу седум случаи годишно. Болеста се јавува на речиси сите континенти, а почеста е во Конго, Перу и Мадагаскар. За време на најсилните епидемии во модерното време, тоа одзема неколку стотици животи. Многу истражувачи сметаат дека бубонската чума е болест која убила најмногу луѓе во историјата и покрај двете пандемии (некои веруваат дека се работи за сипаници или шпански грип).

– На врвот на листата на најсмртоносните пандемии е Црната смрт, епидемија на бубонска чума во поголемиот дел од Азија, Европа и Северна Африка во средината на 14 век. Бубонската чума се шири од бактерија која ја носат стаорци и болви, Yersia pestis. Денес е лесно да се лекува со антибиотици, но пред тоа уби половина од заразените. Бројот на загинати од Црната смрт е предмет на научна дебата, но се проценува дека убила меѓу 25 и 200 милиони луѓе за само пет години. Тоа е меѓу пет и 40 проценти од светската популација во тоа време – пишува Vox.

Како што наведуваат, оваа болест е и на второ место меѓу најсмртоносните пандемии. Станува збор за пандемија наречена Јустинијанова чума од средината на 6 век. Поради недостиг на податоци, бројот на жртвите не е познат, но се верува дека однеле десетици милиони животи во Византија и остатокот од Европа.