Зошто Алберт Ајнштајн ја одбил операцијата која можела да го остави во живот !? Неговите зборови ја ‘заледиле’ крвта на докторите, а еве што им порачал на ден пред смртта

Во јавноста не е многу познато дека еден од најголемите умови во историјата на светот, Алберт Ајнштајн, одбил операција која можела да му го спаси животот, а еден ден подоцна – починал.

Алберт Ајнштајн бил тивок и повлечен човек уште од раното детство. Тој не прозборел ниту еден збор до својата петта година, што ги загрижило неговите родители. На прашањето зошто не зборувал дотогаш, се верува дека Ајнштајн одговорил дека сè било во ред до тој момент. Тој добил компас од својот татко и бил многу фасциниран од него, па поради тоа најверојатно и пристапил на науката.

Ајнштајн починал на 18. април 1955 година, кога крвен сад му пукнал во близина на неговото срце. Имал 76 години, а причина за смртта била аневризма на абдоминалната аорта, која веќе ја оперирал неколку години претходно, во 1948 година. Докторите сакале повторно да го оперираат, но Ајнштајн бил конкретен во намерата и одбил. Потоа изјавил дека сака да си замине од светот кога ќе сака неговото тело и дека животот не треба да продолжи на таков начин.

Сакам да си заминам кога ќе сака моето тело. Невкусно е да се продолжи животот вештачки. Јас го направив мојот дел, време е да одам и ќе го сторам тоа елегантно“, рекол тој. Докторите ја почитувале неговата одлука, а Ајнштајн починал следниот ден. Неговите последни зборови пред умирањето ќе останат засекогаш непознати бидејќи ги зборувал на својот мајчин германски јазик. Единствениот сведок била медицинска сестра, но таа не го знаела јазикот.

Абдоминалната аорта е главниот крвен сад во стомачната празнина што продолжува до торакалната аорта, која е главниот крвен сад во градниот кош. Аневризмата на аортата постепено расте додека не пукне, што често завршува фатално. Мажите постари од 65 години се изложени на особен ризик да развијат аневризма на абдоминална аорта, а руптурата носи висока стапка на смртност и единствениот лек е итна операција.