Јапонското јаболко е овошје кое содржи голема количина на хранливи материи: витамини А, Б и Ц, јод и железо. Ова овошје го подобрува имунитетот и нервниот систем и му помагаат на организмот да се заштити од разни инфекции, сметаат нутриционистите.
Се користи главно за третман на настинка и кашлица, предизвикани од опструкција на респираторниот тракт со воспалително лачење, анемија и гастроинтестинални нарушувања, анемија, непца, дијабетес.
Јапонското јаболко содржи сосема мала количина на овошна киселина и не им пречи на луѓето со гастроинтестинални проблеми.
Препорачливо е за лица со анемија или кардиоваскуларни заболувања. Лекарите предупредуваат дека треба да го избегнуваат лица со проблеми со панкреасот или камења во бубрезите.
Бидејќи содржи доста шеќери дијабетичарите пак, смеат да го јадат во количина од најмногу еден плод дневно.