Играше во Премиер лигата, сега му судат за два тони кокаин: Фудбалската ѕвезда стана сериозен играч во светот на криминалот
Патот од Премиер лигата до затвор е често многу краток, како што во последните неколку години на своја кожа искусија Мејсон Гринвуд, Бенџамин Менди, Адам Џонсон… Во тој клуб се приклучи помалку познато име, но играч кој остана врежан со златни букви во историјата на Виган.
Рони Стам го носеше дресот на споменатиот клуб од 2010 до 2013 година, освојувајќи го славниот пехар во ФА Купот во неговата последна сезона, што е единствениот трофеј во историјата на овој тим. Холанѓанецот сепак тргна по погрешен пат набргу откако ја напушти Англија и стави крај на фудбалската кариера.
Сега 40-годишниот играч во текот на кариерата двапати играше за НАЦ од родната Бреда, Твенте и Стандард од Лиеж, а кога остана без пари или кога желбите му беа поголеми, отиде во водите на криминалот.
Во јуни тој беше уапсен заедно со уште неколку членови од неговото семејство, а сега е откриено дека причината е шверцот на 2.217 килограми кокаин. Покрај тоа, тој беше обвинет за перење пари и се очекува да му се суди на 28 ноември.
Во моментот на неговото апсење, полицијата запленила 85.000 фунти во готовина, три имоти, јахта, три автомобили, шест луксузни часовници и накит.
Стам е единственото уапсено лице кое до ден денес остана во притвор, а барањето на неговиот адвокат да биде пуштен да се брани од слобода неколку пати беше одбиено. Главната причина е што судијата верува дека во тој случај Рони би му се придружил на својот брат и би заминал во Дубаи.
Приказната на филмот ќе има епилог во наредните месеци, а дотогаш навивачите на Виган барем ќе можат да се сеќаваат на таа позитивна слика за нивниот поранешен дефанзивец.