ИЗВЛЕЧЕНИ ДВОЈКИТЕ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕТО ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ – ПСЖ имаше среќа, Манчестер Сити го доби најлесниот противник, а најинтересно ќе биде во Неапол и Барселона
По завршувањето на групната фаза од Лигата на шампионите, беа извлечени и двојките од осминафиналето на елитното европско натпреварување.
Ждрепката се одржа во Нион и ветува интересни дуели.
Париз Сен Жермен имаше среќа и ги избегна некои од најсилните тимови од шеширот со фаворизираните тимови и ќе игра против Реал Сосиедад.
Дефинитивно можеме да кажеме дека Копенхаген немаше среќа, за разлика од Манчестер Сити, кој исто така можеше да налета на ривалите од Истанбул и противникот од финалето од минатата сезона – Интер.
Тимот од Милано ќе има тешка задача против Атлетико Мадрид, а особено интересна ќе биде пресметката меѓу Наполи и Барселона, шампионите на Италија и Шпанија и двата тима кои ја одбележаа кариерата на Диего Марадона.

Лига на шампиони – двојки од осминафиналето:
Порто – Арсенал
Наполи – Барселона
ПСЖ – Реал Сосједад
Интер – Атлетико Мадрид
ПСВ – Борусија Дортмунд
Лацио – Баерн Минхен
Копенхаген – Манчестер Сити
Лајпциг – Реал Мадрид
Легендарниот фудбалер, Џон Тери, помогна во извлекувањето на паровите.