ИЗГЛЕДА СОВРШЕНО – Новата фризура на Џулија Робертс задолжително да ја погледнат дамите кој се над 50 години! Французите ја обожаваат, а на сите им соти добро (фото)
На многумина омилената актерка покажа драматична промена на фризурата на настан во Женева, Швајцарија.
Џулија Робертс потврди дека пролетта е најдоброто време за долгоочекуваната промена во изгледот на жените. На настанот Watches and Wonders во Женева, актерката ја покажа својата нова тренди фризура со шишки, која експертите за коса особено ја препорачуваат на жените на возраст од 50+ години за стилски и младешки изглед.
Покрај тоа, таа носеше меки прамени на косата во стил на Французинка, а шик изгледот го усогласи со бел костум, а целиот аутфит се поврзуваше со рокенрол модата од 70-тите години.
Џулија во оваа прилика го послушала најважниот совет на фризерите – да не изгледа премногу стилизирано и совршено, но се осврнала и на уште еден тренд за оваа сезона – бакарно кафената боја на коса.
„Шишките прават очите да изгледаат поголеми, усните пополни, а јаготките поизразени, поради што се популарни на која било возраст, но особено по 50-тата година. Нема да морате да се грижите за брчките на челото – бидејќи тие ќе бидат покриени, а сите останати ефекти ќе ги постигнете во зависност од формата што ќе ја изберете“, велат експертите за убавина.