Лидерот на Демократското движење Изет Меџити во интервју за емисијата „Политико“ ТВ Глоби изјави дека за краток период сите се увериле дека има албанска опозиција, има албанска алтернатива.
Тој рече дека оваа албанска опозиција ги надминала бајрактаризмите.
„Седиме на маса и ги здруживме силите за да придонесеме за промени, откривање и борба против злото. Ќе излеземе со заедничка платформа, што значи дека ќе имаме понуда до албанскиот граѓанин за нов ветер на албанската политичка сцена“.
„Кај овие три субјекти вратата не е затворена. Упатуваме јавна покана до господинот Арбен Таравари да ја напушти владата и да се приклучи на албанската опозиција за да ја донесе потребната промена. Апелираме и до интелектуалците, невладините организации, кои сакаат промени, да наредат и да ни се придружат“, нагласи меѓу другото Меџити.