ИЗМЕРЕНИ 52 СТЕПЕНИ: Соборен рекорд во оваа земја, загриженоста расте бидејќи се заканува оваа опасност

Рекордно висока температура е забележана во Кина.

Во Кина, во неделата, на 16 јули е забележана рекордна висока температура од 52,2 степени Целзиусови во градот Санбао во Ксинџијанг .

Според извештаите, рекордната жештина ќе трае уште најмалку пет дена. Ројтерс пренесува дека претходниот рекорд од 50,3 степени Целзиусови бил измерен во 2015 година во близина на Идинг во Ксинџијанг. Од април, земјите низ Азија беа погодени од неколку рекордни топлотни бранови.

Во Кина се стравува од повторување на минатогодишната суша, најлоша во последните 60 години. Инаку, во оваа земја на 22 јануари температурите во Мохе, град на североисток, се спуштија до минус 53 степени Целзиусови, што е рекорд за таа земја за најниска температура.

Соединетите држави и Кина оваа недела во Пекинг одржуваат разговори на нивните претставници за климата за борбата против глобалното затоплување.