ИЗНЕНАДУВАЧКА ОДЛУКА! Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Арсенал и поранешниот светски шампион со германската репрезентација се повлекува од фудбалот

Поранешниот германски репрезентативец и светски шампион од 2014 година, Месут Озил, играчот на турскиот клуб Башакшехир, во средата објави дека се пензионира на 34-годишна возраст.

Поранешниот играч на Реал Мадрид и Арсенал беше клучен член на германскиот тим кој го освои Светското првенство во Бразил во 2014 година.

Тој се повлече од репрезентацијата во 2018 година поради политичката дебата во Германија за приливот на мигранти и по реакциите поради неговата фотографијата направена со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, велејќи дека се соочува со „расизам и непочитување“ поради неговото турско потекло.

Имам привилегија да бидам професионален фудбалер скоро 17 години и се чувствувам неверојатно благодарен за можноста“, напиша Озил во објава на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Во дресот на германската репрезентација Озил забележа 92 настапи и постигна 23 гола.