ИЗНЕНАДУВАЊЕ !? Три извори за Reuters потврдија: Владимир Путин доби невиден шамар од Индија!

Втората по големина индиска државна банка Bank of Baroda престана да одобрува плаќања за руската нафта продадена над цената одредена од Западот овој месец, потврдија за медиумската агенција Reuters три извори запознаени со ова прашање.

Некои индиски рафинерии плаќаа во валута на Обединетите Арапски Емирати за руска сурова нафта со ниска содржина на сулфур по цена од повеќе од 60 долари за барел користејќи ја Bank of Baroda.

Групата Г-7, Европската унија и Австралија кон крајот на минатата година поставија ценовно ограничување за забрана за тргување со руската нафта, освен ако не се продава по наметната ниска цена, се со цел да ја лишат Москва од средствата за нејзината војна во Украина.

Bank of Baroda е крајно претпазлива во подмирувањето на плаќањата за руската нафта купена по цена над ограничувањата. Ни кажаа дека нема плаќање над таа цена“, изјави изворот медиумската агенција Reuters.

Официјалните лица на Bank of Baroda се уште не ја коментира оваа ситуација.

Пред почетокот на војната во Украина, индиските рафинери ретко купуваа нафта од Русија поради повисоките транспортни трошоци. По санкциите на Западот против Москва поради инвазијата на Украина, индиските рафинерии ја искористија можноста и купуваа по пониска цена.

Така, Русија го замени Ирак како главен снабдувач на индиска нафта во последните неколку месеци, покажуваат трговските извори.

Некои рафинерии, претежно приватни оператори, вршат плаќања во дирхами за руската сурова нафта преку приватниот заемодавател Axis Bank. Засега не е познато дали Axis Bank престана да тргува со руска нафта по цена над ограниченото.

Индија не го признава западното ограничување на цената на руската нафта“, изјавил за агенцијата минатиот месец извор од Министерството за нафта на Индија.

Ниту го запревме, ниту го намаливме купувањето на руска нафта по одлуката на Bank of Baroda. Ќе размислиме да користиме рупии за да платиме за нафта купена по цена над ограничувањата“, изјавил друг извор.

Имено, минатата година Индија воспостави механизам за порамнување на меѓународната трговија во рупии. Некои руски банки подоцна отворија банкарски сметки во Индија за да го олеснат тргувањето со рупии.

Овој механизам сè уште не е пуштен во употреба поради недостатокот на руски интерес за рупии и поради трговскиот дефицит на Индија со Русија.

Сепак, за време на минатонеделната посета на Индија, извршниот директор на руската нафтена компанија Роснефт, Игор Сечин, разговараше за начините за проширување на соработката со Индија, вклучувајќи ја и можноста за плаќање во националната валута.