ИЗРАЕЛСКАТА АРМИЈА ОСЛОБОДИ УШТЕ ЕДНА ЗАЛОЖНИЧКА – Девојка е спасена по жесток ноќен судир со милитанти во Појасот Газа: “Таа е сега повторно со семејството“
Израелските одбранбени сили и безбедносната агенција Шин Бет соопштија дека е ослободена девојка која била заробена од Хамас и била спасена од Појасот Газа во операција во текот на ноќта.
Во заедничката изјава, ИДФ и Шин Бет рекоа дека Ори Мегидиш е во добра состојба и дека е повторно обединета со своето семејство.
ИДФ соопшти дека Ори Мегидиш била спасена за време на копнена операција во текот на ноќта, но не беа дадени дополнителни детали.
Ори Мегидиш била воен набљудувач, земена како заложник од Хамас кога милитантите упаднаа во базата „Нахал Оз“ на 7. октомври.
Израелскиот претседател Исак Херцог, да потсетиме, денеска потврди дека киднапираната германка Шани Лук (22 г.) е пронајдена мртва. Исак Херцог нагласи дека девојчето е убиено садистички.