Израелски министер отворено повикува на атентат врз Хамнеи: „Не смее да се остави жив“

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, даде шокантна изјава во која јасно стави до знаење дека „елиминацијата“ на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е дел од воената кампања на Израел.

Неговите зборови доаѓаат во време на кулминација на тензии по најновиот одговор на Иран на бомбардирањето на Техеран.

„Тој е современ Хитлер. Човек како (Хамнеи) отсекогаш имал за цел да го уништи Израел преку своите агенти. Овој човек, кој е подготвен да нè нападне, не смее да остане жив. Прашањето за запирање на овој човек, неговата елиминација, е дел од кампањата – сега јасно ја разбираме неговата улога, бидејќи тој со години зборува за уништување на Израел“, рече Кац.

Израел сè повеќе отворено сигнализира дека промената на владата во Иран е една од крајните цели на сегашната воена ескалација.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху неодамна им се обрати на иранскиот народ преку видео на англиски јазик, велејќи дека се надева оти воената операција ќе „го расчисти патот за вашата слобода“.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, исто така, му ја испрати својата порака на Хамнеи, пишувајќи на социјалните мрежи: „Нема да го отстраниме (убиеме)!, барем не засега… Нашето трпение е при крај“.