Израел изврши најмалку шест воздушни напади врз Сана, главниот град на Јемен, објавија медиумите поврзани со Хутите, а јави Би-Би-Си.
Според првичните информации, нападите биле насочени кон здравствена установа во Сана и владина зграда во населбата ал-Хазм.
Засега нема информации за повредени лица, ниту за обемот на штетата.
Бунтовничката група поддржана од Иран контролира голем дел од северозападен Јемен од 2014 година.
Од почетокот на израелската војна против Хамас во Газа во октомври 2023 година, Хутите редовно испукуваат ракети кон Израел и напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив, тврдејќи дека дејствуваат во солидарност со Палестинците во Газа.
Израел и САД претходно извршија воздушни напади како одговор.