Израел го нападна сојузникот на САД, Трамп врие од гнев: Последиците ќе бидат многу сериозни

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека одлуката за израелскиот напад врз Катар не ја донел Вашингтон, туку самиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„ Едностраното бомбардирање на Катар , суверена држава и близок сојузник на САД, која храбро презема ризици посредувајќи за мир, не придонесува за целите ниту на Израел ниту на Америка“,  напиша Трамп на социјалната мрежа Truth.

Тој додаде дека елиминирањето на Хамас, „кој профитираше од страдањето на народот во Газа“, е секако важна цел, но дека начинот на кој е извршен нападот има сериозни последици.

Специјалниот пратеник го предупреди Катар

Трамп откри дека веднаш му наложил на својот специјален пратеник, Стив Виткоф, да го информира Катар за претстојниот израелски напад. „Тој го направи тоа, но за жал, предоцна за да го запре нападот“, нагласи американскиот претседател.

Тој истакна дека го смета Катар за „силен сојузник и пријател“ и изрази жалење за погодените локации.

– Сакам сите заложници, како и телата на загинатите, да бидат ослободени и оваа војна веднаш да заврши – рече Трамп.

Израел: Нападот беше одговор на терористички чин

Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека одлуката за напад врз Катар е донесена по терористичкиот напад во Ерусалим, за кој одговорноста ја презеде палестинската милитантна група Хамас.

Хамас потврди дека петмина негови членови се убиени во израелскиот напад врз Доха, но нагласи дека „Израел не успеа во обидот да го убие преговарачкиот тим“ на организацијата.