Жител на израелскиот град Бершева денеска е уапсен под сомнение за „сериозно поттикнување на убиство“ на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, преку социјалната мрежа ТикТок, соопшти полицијата.
Осомничениот, 40-годишен маж, по сослушувањето ќе биде изведен пред Судот за прекршоци во израелскиот град Ришон Лезион.
Таму ќе биде сослушан и за евентуално продолжување на притворот, пишува „Тајмс оф Израел“.
Полицијата не соопшти детали за содржината што ја објавил осомничениот.
Нетанјаху и другите високи пратеници беа цел на бројни закани во последните години.