Израел подготвува план за копнена траса за поврзување на пристаништата со ОАЕ

Израел верува дека копнениот пат низ четирите земји ќе заштеди до 20 отсто од трошоците за испорака

Израел сака да изгради копнена траса за поврзување на земјата со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) преку Саудиска Арабија и Јордан,

Израелското Министерство за надворешни работи им презентирало план на Соединетите Американски Држави (САД) за поврзување на израелските пристаништа со ОАЕ, Саудиска Арабија и Јордан со „копнен мост“, објави весникот „Једиот Ахронот“.

„Трасата ќе го олесни транспортот на стоки, а истовремено значително ќе ги намали трошоците за целиот регион“, пишува весникот.

Израел верува дека копнениот пат меѓу четирите земји ќе заштеди до 20 отсто од трошоците за испорака.

„Идејата е, на пример, да се овозможи пристигнување на еден камион и возач од Дубаи до пристаништето во Хаифа без промена на возачи и камиони на граничните премини меѓу земјите“, стои во планот.

Според весникот, трасата ќе се базира врз постојните патишта, но ќе биде потребна надградба на некои од правците и изградба на одредени делници.

Планот предвидува да ги вклучи Бахреин и Оман во предложениот копнен мост во подоцнежната фаза.

Израел има дипломатски односи со ОАЕ од 2020 година откако потпиша договор со посредство на САД за нормализирање на нивните односи. Тел Авив воспостави дипломатски односи со Јордан во 1994 година.

Израел нема воспоставено дипломатски односи со Саудиска Арабија.