Израел се огласи по прогласувањето на примирјето: Дали се согласуваат?

Израелската влада објави дека се согласила со предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот.

Кабинетот на Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Израел ќе одговори „силно“ на секое кршење на прекинот на огнот со Иран.

Во соопштението се додава дека Израел ја постигнал својата цел за елиминирање на нуклеарната и балистичка закана од Иран и му се заблагодарил на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата „поддршка и учество во одбраната“ во тоа.

Израелскиот лидер ќе даде изјава подоцна денес.

Доналд Трамп рано утрово објави дека Израел и Иран ќе постигнат целосно и тотално примирје, кое во следните дваесет часа ќе се претвори во целосен крај на војната.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека нема „договор“ за никаков прекин на огнот меѓу Израел и Иран, но додаде дека доколку Израел ја запре својата „нелегална агресија“ против иранскиот народ најдоцна до 4 часот наутро денес по техеранско време, Иран нема намера да продолжи со својот одговор потоа.