Илон Маск сподели бизарно видео со Трамп: Собрал над 120 милиони прегледи 

Илон Маск повторно привлече внимание откако имаше интересно интервју со Доналд Трамп.

Овој пат Илон Маск објави видео создадено од вештачка интелигенција во кое танцува со Трамп.

Видеото набрзо собра преку 120 милиони прегледи и безброј коментари.

„Хејтерите ќе речат дека ова е вештачка интелигенција“, напиша Маск во описот на видеото.

Многумина во коментарите се пошегуваа дека ова навистина се случило, и дека тие се таму, додека други ги потсетија луѓето на видеото на кое Маска танцува сам.