“ИМАМЕ ПЛАН!“ – Володимир Зеленски со порака до светот по посетата на САД: “Ќе го ослободиме Бахмут и два други клучни украински града“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека украинските сили ќе го ослободат источниот град Бахмут и уште два клучни украински града од руските војници.

Ќе го деокупираме Бахмут. Мислам дека ќе деокупираме уште два града“, изјавил Володимир Зеленски за време на разговорот со новинарите во Вашингтон, пренесува CNN.

Претседателот на Украина додал дека нема да каже за кои градови станува збор.

Нема да ви кажам во кои градови, извинете. Имаме план. Многу, многу сеопфатен план“, заклучил Володимир Зеленски.