„Има многу мртви“ Морничави први зборови на пожарникарот кој пристигна на местото на несреќата кај Венеција! И Украинци меѓу жртвите (ВИДЕО)
Бројот на жртвите во тешката сообраќајна несреќа што се случи во близина на Венеција при пад на автобусот од надвозник се искачи на 21.
Да потсетиме, трагедијата се случила нешто по 19 часот и 30 минути кога автобусот со туристи паднал од надвозник висок 10 метри на пругата, по што се запалил и изгорел во целост.
Меѓу жртвите има најмалку две деца. Има и 12 повредени, од кои дел се борат за живот. Петмина се водат за исчезнати. Пет деца се хоспитализирани. Извлечено е и телото на италијанскиот возач.
Италијанските медиуми јавуваат дека во автобусот имало група Украинци. Пронајдени се и пасоши на патници од германска националност.
Автобусот наводно ја пробил заштитната шина и паднал покрај шините.
– Има многу мртви. Премногу!
Ова се првите зборови на пожарникарот кој меѓу првите пристигна на местото на несреќата во Мештре.
Автобусот бил изнајмен од локален туристички камп од Венеција.