„Им даде алиби на кумовите кои го ранија неговиот татко!” Карлеуша распали по Цеца и Војаж – најверојатно не е свесен…

Ќерката на Лидија Оцокољиќ и братучетката на Светлана Ражнатовиќ Цеца, Хелена Оцокољиќ, синоќа го прослави полнолетството во престижен ресторан во Белград.

Дел од изненадувањето на прославата беше и младиот рапер Михаило Веруовиќ Војаж, син на телохранителот на убиениот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ, кој беше тешко ранет во престрелката.

По повод роденденската прослава и присуството на Војаж на истиот, се огласи лутата ривалка на Цеца, Јелена Карлеуша, која кажа остри зборови за Цеца која танцуваше на хитовите на младиот рапер.

– Не знам што ја израдува Цеца, Војаж што и’ пееше во лице „курви, пари, дрога околу мене“ или тоа што им даваше алиби на кумовите за тешкото ранување на таткото од истиот тој Војаж. Мислам, се надевам дека Војаж не е свесен… затоа што кој би бил свесен да оди да им пее на убијците на својот татко – напиша Карлеуша на својата инстаграм стори.

Но, ЈК не застана тука, па продолжи со обвинувањата кон колешката, спомнувајќи ја и Лепа Брена како и Жељко Митровиќ.