Индексот на цените на гастрономските услуги е зголемен за 7,7 отсто во јули 2023 година во однос на истиот месец лани

Индексот на цените на гастрономските услуги во јули 2023 година во однос на јуни 0,1 отсто, објави Државната агенција за статистика.

„Во споредба според услужните групи, пораст од 0,1 отсто е забележан во групата Храна. Индексот на цените на гастрономските услуги во јули 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 7,7 отсто“, посочуваат од ДАС.

Кумулативниот индекс на цените на хотелските услуги за периодот јануари-јули 2023 година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 12,4 отсто, а во однос на декември 2022 година е зголемен за 3,2 отсто.