Кошаркарите на Индијана го победија Њујорк со резултат од 130:121 и поведоа со 3-1 во серијата и сега се само на една победа од пласман во финалето на НБА.
Во возбудлив натпревар, Индијана ја држеше предноста речиси во текот на целиот натпревар и заслужено стигна до триумфот.
Победничкиот тим го предводеа одличните Тајрис Халибартон и Паскал Сиакам. Халибартон оствари трипл-дабл со 32 поени, 12 скока и 15 асистенции, додека Сиакам го заврши натпреварот со 30 поени.
На другата страна, Џејлен Брансон постигна 31 поен, додека Карл-Ентони Таунс имаше дабл-дабл со 24 поени и 12 скока.
Следниот натпревар ќе се игра ноќта од четврток кон петок во Њујорк, а Никсите треба да слават за да поминат, како и во дуелите на 31 мај на гости и на 2 јуни дома доколку се случат.