Инспекторите ќе ги тужат институциите кои не го почитуваат албанскиот јазик во Македонија

Доколку институциите не постапат врз основа на забелешките и не го почитуваат законот за употреба на јазиците, ќе биде поведена прекршочна постапка во Основниот суд. Вака за ТВ Шења изјави директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците Фатмир Исени. Тој додаде дека најчестото оправдување на институциите кои не го почитуваат албанскиот јазик е големиот обем на работа и малиот број на преведувачи.

Исени посочи дека имале поплака за пропусти во Културно информативниот центар, но по нивна интервенција КИЦ го подобрил направениот пропуст.

„Имавме претставка на почетокот од директорот на установата дека ја смениле табелата, па со моја наредба направивме вонреден надзор, каде навреме, врз основа на законот што беше предвиден, го променија и постапија врз основа на законот“, рече Фатмир Исени, директор на Инспекторатот за употреба на јазиците.

Директорот Исени го изрази своето задоволство од работата на Инспекторатот, бидејќи според него, некои институции сега го користат албанскиот јазик и до 90%.

„Од формирањето на Инспекторатот сме презадоволни од имплементацијата на Законот за употреба на јазиците. Можам слободно да кажам, бидејќи на почетокот имавме многу институции кои многу малку го почитуваа Законот за употреба на јазиците, но по увидот на Инспекторатот стигнаа тие институции, можам слободно да кажам некои институции каде законот 70,80 до 90 отсто“, рече Исени.

Инспекторатот за употреба на јазиците постапува и по претставките на граѓаните, па директорот Исени ги повика граѓаните да ги поднесат своите претставки за спроведување на јазиците.

Исени нагласи дека следната година повеќе ќе се концентрираат на контролен надзор, каде доколку дотичните институции не постапиле врз основа на забелешките, тогаш ќе поведат прекршочна постапка.