– Шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, изјави дека израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, измислува причини за да ја продолжи војната во Појасот Газа, да ги прошири судирите и да ги саботира напорите за прекин на огнот што се спроведуваат преку посредници.
Ханије во писмена изјава се осврна на темата за прекин на огнот во Газа и за тековните преговори во Каиро, главниот град на Египет.
Лидерот на Хамас нагласи: „Нетанјаху измисли оправдание за продолжување на нападите на Газа, проширување на судирите и саботирање на напорите за прекин на огнот“.
Тој наведе дека движењето Хамас, на чие чело се наоѓа, и понатака е подготвено да постигне договор за крај на нападите на Газа, гарантирање на повлекување на Израел и размена на заробеници.
Истакнувајќи дека Хамас покажал позитивен и флексибилен став пред преговорите во Каиро кои се во тек, Ханије напомена дека ги продолжиле контактите со посредниците и со другите групи на отпор.
Ханије, исто така, изјави дека САД требаат да ја запрат војната наместо на Израел да му дават на оружје за уништување и геноцид.