,,Историска блискост меѓу Евреите и Србите“ – Брнабиќ за развојот на односите со Израел

Соговорниците разговараа за областите кои даваат најголеми можности за соработка, како што се иновативната економија, науката, образованието, ИТ секторот, енергетиката, економијата, земјоделството и други.

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска во разговор со израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен во Белград истакна дека односите меѓу двете земји се засноваат на „историската блискост на српскиот и еврејскиот народ“, пишува Танјуг.

Како што соопшти српската Влада премиерот истакнал дека Израел е најважниот надворешно-трговски партнер на Србија на Блискиот Исток, а четврти по значење на азискиот континент.

Брнабиќ додаде дека Србија сака да продолжи со развивање и проширување на економските односи со Израел, што вклучува зголемување на трговската размена.

Соговорниците разговараа за областите кои даваат најголеми можности за соработка, како што се иновативната економија, науката, образованието, ИТ секторот, енергетиката, економијата, земјоделството и други.

Коен им се заблагодари на српските власти и народ што го чуваат местото каде што страдаа Евреите, изрази желба да ја подобри соработката меѓу Србија и Израел и ја покани премиерката Брнабиќ да го посети Израел.