“ИСТРАЖУВАМЕ ВМЕШАНОСТ НА ТЕХЕРАН!“ – Емануел Макрон бесен на Иран: “Неприфатливо е да се величи нападот на Хамас врз Израел“
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес изјави дека коментарите на Иран со кои се величи нападот на Хамас врз Израел се неприфатливи и дека Франција истражува дали таа земја е директно вмешана.
„Не можам да зборувам за директна вмешаност на Иран бидејќи немаме формални докази, но јасно е дека јавните коментари на иранските власти се неприфатливи и дека веројатно му понудиле помош на Хамас“, изјавил Емануел Макрон, пренесува медиумската агенција Reuters.
Првиот човек на Елисејската палата на прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц додаде дека се проверуваат разузнавачките податоци.
Министерството за надворешни работи на Франција денес соопшти дека во нападите врз Израел загинале четворица француски државјани.
Соопштено е дека 13 француски државјани се водат за исчезнати, што Министерството го оцени како „многу загрижувачки“, додавајќи дека некои најверојатно се заложници на палестинскиот Хамас.