42 отсто од граѓаните на Северна Македонија би ја напуштиле земјата доколку им бидат обезбедени сите потребни документи. Најголема подготвеност за заминување покажале младите и оние со високо образование – факултет, покажуваат резултатите од истражувањето на меѓународната асоцијација Галуп, пренесува ТВ21.
Процентот на граѓани кои сакаат да ја напуштат државата е поголем од светскиот, кој изнесува 36 проценти. Ако, пак, ги погледнеме земјите од регионот, голема подготвеност за имиграција над светскиот просек покажуваат испитаниците од Босна и Херцеговина, каде 48 отсто се изјасниле дека ќе заминат во странство, во Грција, каде оваа процентот е 40, додека на Косово 39 отсто.
За помал процент, под светскиот просек, е Хрватска, каде што 35 отсто од испитаниците се изјасниле дека би се иселиле, Бугарија со 25 и Словенија со 21 отсто, тие се пониски од светскиот просек. Истражувањето не е спроведено во Србија и Албанија.
Анализата на резултатите од истражувањето покажува дека главен мотивирачки фактор за иселување е просечниот приход во државата, односно колку е поголем приходот, толку е помала желбата за заминување и обратно.
На глобално ниво беа анкетирани вкупно 54.329 луѓе. Во Р. Анкетирани се 800 луѓе на возраст од 18+, заклучно со август 2022 година. Истражувањето има маргина на грешка од +/- 3,5 проценти, со ниво на доверба од 95 проценти.